Лабораторијата за микробиологија на храна и добиточна храна е модерна, модерна врвно опремемена лабораторија со обучен стручен кадар, акредитирана според стандардот ИСО 17025. Со својте услуги лабораторијата излегува по пресрет на современите потреби и барања на операторите со храна при валидација на сопствените процедури како и на надлежните инспекциски органи при вршење на контролите за безбедноста на храната при увозот и во внатрешниот промет. Лабораторијата за микробиологија на храна и добиточна храна претставува национална рефернтна лабораторија за тестирање на патогените во храната (Salmonella spp., Listeria monocytogenes, Campylobacter spp., E. coli).
Во својата дејност лабораторијата врши:
- микробиолошка анализа на суровини, храна и добиточна храна,
- микробиолошка анализа на вода за пиење и вода која се користи во прехранбената индустрија,
- микробиолошка анализа на брисеви од работни површини и брисеви од трупови на заклани животни,
- спроведување на активностите од Националната мониторинг програма за тестирање на Salmonella spp.,
- определување на антимикробна резистенција на изолатите,
- скрининг тестирање за докажување на присуство на антимикробни субстанции во прехранбените производи.
Лабораторијата има седум вработени и тоа: еден магистер по квалитет и безбедност на храна, тројца аналитичари доктори по ветеринарна медицина и тројца лаборанти.
Сите изпитувања во лабораторијата се вршат според ISO акредитирани методи или останати ISO методи или меѓународно прифатени стандарди и во постојана комуникација со клиентите, за текот и изборот на аналитичките методи. Во моментот лабораторијата има акредитирано 13 методи според ISO стандардите за тестирање храна и добиточна храна и материјали земени од обејтките како и 5 методи според ISO стандардите за тестирање вода.