Лабораторијата за хигиена на животните и животната средина е формирана со цел ветеринарот практичар, фармерот или менаџерот на фармата да добие податоци со кои што ќе може да ги анализира намалувањето на производството, ненормалното однесување и болестите на домашните животни во нивната комплексна интеракција со околината.
Во таа смисла лабораторијата ќе врши:
- микроклиматски мерења на воздухот во објектите за домашни животни и непосредната околина,
- микробиолошки испитувања на воздухот во објектите за домашни животни и непосредната околина,
- оценка на хигиенската исправност на почвата и водата,
- препораки за избор на локација за градба на објект,
- препораки за спроведување на мерки на дезинфекција, дезинсекција и дератизација,
- одредување на ефикасност на дезинфициенси,
- препораки за хигиената и сместување на фармските животни,
- изработка и давање на мислења за еколошка соодветност на објектите за домашни животни,
- одредување на влијанието на интензивното фармско производство врз животната средина.