Оваа лабораторија употребува и развива современи биотехнолошки методи за подобрување на генетскиот напредок во сточарството, како за испитување и одржувањето на генетска различност кај домашите раси на животни. Таа ги употребува Ембриотрансферот (ЕТ) и ин витро производство на ембриони, како технологии за асистирана репродукција, кои ветуваат побрз и посигурен напредок во генетски квалитет во домашни животни. Со нив, почитувајќи соодветни процедури, ризикот од преносливи инфекциски зарази е минимален, за разлика од природно парење или вештачко осеменување. Исто така, овие техники овозможуваат, по пат на длабоко замрзнување сочувување на генетскиот материјал (ембриони јајце клетки, и семе од машки раплодници), теоретски неограничено долго.
Лабораторијата исто така соработува со сродни институции од земјата и странство за реализација на научно-истражувачки проекти од областа на асистирана репродукција.
Мултипла овулација и Ембриотрансфер (МОЕТ)
Суперовулација и добивања не ембриони
- Преглед за одбирање на донорите на ембриони
- Хормонални процедури за суперовулација кај донорите)
- Процедури за синхронизација на реципиентите)
- Добивање на ембриони со различни методи медиуми за промивање на матката (нехируршки, хирурпки, лапароскопски)
Манипулација со ембрионите ин витро
- Преглед, проценка на квалитетот и класификација на ембрионите
- Регуларност на изгледот
- Компактност на бластомерите
- Униформност во големината на бластомерите
- Боја и исполнетост на цитоплазмата
- Дијаметар на ембрионот
- Присуство на исфрлени клетки
- Правилност на Зона Пеллуцида
- Присуство на везикули
- Извршување на сродни манипулации (делење, сексирање, клонирање)
- Култивирање и кратковремено чување на ембрионите
- Замрзнувањето на ембрионите со разни методи (класична, витрификација, „извлекување на паети“)
- Одмрзнување на ембрионите и пресадување во реципиенти
- Дијагностика на гравидитет со ултразвук
Протоколи за IVP (in vitro производство) на ембриони – IVM/IVF/IVC
- Аспирација на јајце клетки од јајници добиени од кланица
- Добивање на јајце клетки од живи донатори донатори (ултразвучно водена аспирација на фоликули Ovum pick-up OPU)
- Извршување на процедурата за матурација на јајце клетките во CO2 инкубатор
- Подготвовка на спермата и проценка на степенот на матурација на јајцеклетките за ин витро оплодување
- Култивирање на оплодените јајцеклетки
- Замрзнување и подготовка за пресадување на ембрионите
Примена на лапароскопска техника во асистирана репродукција
- Дијагностика на гравидитет
- Лапароскопско осеменување на мали преживари
- Лапароскопско пресадување на ембриони