Почитувани студенти,
Ве известуваме дека излезе од печат учебното помагало „Практикум за изработка на патохистолошки препарати и патохистолошка дијагностика” од авторот проф. д-р Трпе Ристоски. Практикумот е наменет за студентите на Факултетот за ветеринарна медицина – Скопје за совладување на практичната и теоретска настава по предметот Патолошка морфологија.
Практикумот ќе им овозможи на студентите полесно да ја совладаат предвидената настава согласно студиската програма.
Практикумот можете да го преземете на следниот линк.