ПОТПИШАНА ЗАЕДНИЧКА ДЕКЛАРАЦИЈА И ДОГОВОР ЗА СОРАБОТКА СО ВЕТЕРИНАРНИТЕ ФАКУЛТЕТИ ВО РЕГИОНОТ  

На 22 септември 2023 година делегација од Факултетот за ветеринарна медицина – Скопје претставувана од деканот проф. д-р Лазо Пендовски, продеканите проф. д-р Ксенија Илиевска, проф. д-р Искра Цветковиќ и доц. д-р Мирослав Ќосевски, како и Раководителот на Институтот за храна проф. д-р Деан Јанкулоски остварија посета на Bетеринарниот факултет при Универзитетот во Сараево, кој беше домаќин на Деканската конференција на високобразовни ветеринарни институции во регионот.

На Деканскиот состанок, деканите од  Bетеринарните факултети од Скопје, Сараево, Љубљана, Загреб и Белград потпишаа заедничка Декларација и Договор за унапредување на ветеринарната медицина во регионот, каде се предвидува одржување, просперитет и компетентност во ветеринарната едукација на институциите од регионот, кои се стратешки партнери и генератори на развојот на ветеринарната медицина во регионот и пошироко.   

Со овие документи заеднички се подржуваат идните предизвици и можности за развој и соработка на високобразовните и научни институции, и се дефинираат областите и активностите на меѓусебната мултилатерална соработка во ветеринарната медицина.

Целосен линк до декларацијата.