- Додипломските студии на Факултетот за ветеринарна медицина во Скопје се дефинирани како интегрирани петиполгодишни студии по ветеринарна медицина од прв и втор циклус на студии.
Целта на додипломските студии по ветеринарна медицина е формирање на високообразвната квалификација на “доктор по ветеринарна медицина”, која покрај грижата за здравјето на животните, има значителна улога и во јавното здравство и тоа преку обезбедување здрава и квалитетна храна од анимално и растително потекло.
Наставниот план се дизајниран во насока која овозможува после завршување на академските студии на ФВМС, дипломираниот доктор по ветеринарна медицина да се здобие со компетенции за: лекување на животните; решавање на проблематиката на ветеринарното јавно здравство; учество во заштита на човековата околина; изведување на теренска, клиничка и лабораториска дијагностика; превентивно сузбивање на заразните болести и зоонозите; проектирање и учествување во изработка на програми за развивање и унапредување на дејноста на сточарското производство и производството на прозиводи од животинско потекло и животински прозиводи и развивање на сите облици на заштита на животите и животната средина, негување на етиката и хуманиот однос кон животните.
Дефинирањето на оваа студиска програма како интегрирани студии од прв и втор циклус е воведена во учебната 2009/2010 година а нејзиното времетраење, како и предметите содржани во неа се според Директивата на ЕУ за регулирани професии, во кои, меѓу другото, спаѓа и ветеринарната професија (Directive 2005/36/EC и 2013/55/EC of the European Parliament and of the Council; The European Communities [Recognition of Professional Qualifications] Regulations 2007 No. 2781, 19.10.2007).
Информациите за начинот на студирање, за обемот и организацијата на студиските програми како и за наставните содржини за студиите од интегрираниот цилкус -Ветеринарна медицина, третиот циклус на студии Ветеринарна медицина и Безбедност на храна на Факултетот за ветеринарна медицина во Скопје можете да ги погледнете во следните докумети:
Студентски информатор за студиската програма за интергрирани студии од прв и втор циклус по Ветеринарна МедицинаПреглед на предметните програми опфатени во интегрираните студии по ветеринарна медицина од прв и втор циклус на Факултетот за ветеринарна медицина – СкопјеПреглед на предметните програми за студиската програма за интергрирани студии од прв и втор циклус по ВЕТЕРИНАРНА МЕДИЦИНА на Факултетот за ветеринарна медицина – Скопје (акредитирана од Одборот за акредитација и евалуација на високото образование на Република Македонија со Решение бр. 12-107/1 од 19.11.2009 год.. односно реакредитирана со Решение бр. 12-14/2 од 12.3.2013 год.) за генерациите студенти кои студираат на Факултетот од учебната 2009/2010 година до учебната 2017/2018 годинаВетеринарна медицина (Англиска програма)
Додипломските студии на Факултетот за ветеринарна медицина во Скопје се дефинирани како интегрирани петиполгодишни студии по ветеринарна медицина од прв и втор циклус на студии.
Целта на додипломските студии по ветеринарна медицина е формирање на високообразвната квалификација на “доктор по ветеринарна медицина”, која покрај грижата за здравјето на животните, има значителна улога и во јавното здравство и тоа преку обезбедување здрава и квалитетна храна од анимално и растително потекло.
Наставниот план се дизајниран во насока која овозможува после завршување на академските студии на ФВМС, дипломираниот доктор по ветеринарна медицина да се здобие со компетенции за: лекување на животните; решавање на проблематиката на ветеринарното јавно здравство; учество во заштита на човековата околина; изведување на теренска, клиничка и лабораториска дијагностика; превентивно сузбивање на заразните болести и зоонозите; проектирање и учествување во изработка на програми за развивање и унапредување на дејноста на сточарското производство и производството на прозиводи од животинско потекло и животински прозиводи и развивање на сите облици на заштита на животите и животната средина, негување на етиката и хуманиот однос кон животните.
Информациите за начинот на студирање, за обемот и организацијата на студиските програми како и за наставните содржини за студиите од интегрираниот цилкус – Ветеринарна медицина на Факултетот за ветеринарна медицина во Скопје можете да ги погледнете во следните докумети:
Студиска програма за интегрирани студии во ветеринарна медицина


