Прва работилница за фармски животни со меѓународно учество – УПРАВУВАЊЕ СО ЗДРАВЈЕТО НА ЧАПУНКИТЕ И НИВНО ВЛИЈАНИЕ ВРЗ РЕПРОДУКЦИЈАТА НА МЛЕЧНИТЕ КРАВИ – втора објава

Почитувани

Во периодот од 27–28 март 2026 година, Факултет за ветеринарна медицина – Скопје при Универзитет „Св. Кирил и Методиј“ во Скопје, во соработка со Клиниката за преживари и свињи при Факултет за ветеринарна медицина – Лајпциг, ќе ја организира работилницата со наслов „Управување со здравјето на чапунки и нивно влијание врз репродукција на млечните крави“ со меѓународно учество.

Работилницата ќе се реализира во два сегменти – теоретски и практичен дел, со работа во помали групи во Хотел „Молика“ и ЗК Пелагонија (с. Новаци – Битола).

Котизацијата за работилницата изнесува 150 евра во денарска против вредност.

Работилницата е акредитирана со 14 бода.

Сите заинтересирани може да се регистрираат на е-маил: bitolaworkshop2026@gmail.com, најдоцна до 23.03.2026 год.

Покана за Работилницата

Програма