Одржана едукативна работилница на тема: Едуцирај. Застапувај. Дејствувај сега, со цел одбележување на Неделата за подигнување на свеста за рационална употреба на антибиотици

Во рамки на Неделата за подигнување на свеста за рационална употреба на антибиотици, на Факултетот за ветеринарна медицина во Скопје се одржа Едукативна работилница на тема: Едуцирај. Застапувај. Дејствувај сега.

Целта на работилницата беше да се подигне свеста кај идните доктори по ветеринарна медицина и доктори по медицина за растечкиот проблем на AMR и да се потенцира нивната улога во справувањето со овој здравствен предизвик.

На работилницата со свои презентации учествуваа студенти, асистенти и професори од Факултетот за ветеринарна медицина во Скопје и Студенти од Медицинскиот Факултет во Скопје. Учесниците дискутираа за причините за појава на антимикробната резистенција, последиците од нејзиното ширење и стратегиите за нејзино контролирање. 

Работилницата ја истакна сериозната закана од AMR за здравјето на луѓето и животните, нагласувајќи ја  потребата за заедничка активност и проактивен пристап во борбата против овој глобален предизвик.