Конкурс за упис на студенти на прв и втор циклус интегрирани студии по Ветеринарна медицина – трет уписен рок 2023/2024

Почитувани идни студенти,

Во согласност со Конкурсот за запишување студенти на прв и втор циклус интегрирани студии на студиската програма – Ветеринарна медицина на Факултетот за ветеринарна медицина – Скопје при Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ во Скопје, ве известуваме дека пријавувањето на кандидатите за ТРЕТИОТ уписен рок е на 28.09.2023 година, со ФИЗИЧКО ПРИСУСТВО.

Пријавувањето за упис на кандидатите за ТРЕТИОТ уписен рок на Факултетот за ветеринарна медицина – Скопје ќе биде во период од 09-14 часот, во Службата за студентски прашања, кога кандидати ги приложуваат следните документи:

  • Пријава за запишување – образец А1 (универзитетски пријавен лист, достапен во книжарници во близина на Факултетот);
  • Електронска пријава (генерирана од iKnow системот – интерен и пријавен лист);
  • Оригинални свидетелства од сите класови;
  • Документ за положена државна матура (оригинално свидетелство за завршено средно образование);
  • Извод од матична книга на родените (оригинал);
  • Доказ за државјанство на РСМ (уверение или решение, оригинал);
  • Потврда (уплатница) за уплатени 300,00 денари на жиро сметка на Факултетот за ветеринарна медицина во Скопје, образец ПП 50 (на уплатницата задолжително да има Име и Презиме и ЕМБГ на апликантот);
  • Потврда (уплатница) за уплатена административната такса во износ од 50,00 денари образец ПП 50;
  • Лична карта или пасош (документ за идентификација на кандидатот на увид).

Доколку кандидатот не се запишува лично, лицето кое ќе го запишува треба да донесе полномошно заверено на нотар.

Конкурсот и соопштението за упис на кандидати, можете да ги погледнете тука.