Архива на Новости

Почитувани,

Ве информираме дека во тек е уписот на студентите на втор циклус специјалистички стручни студии по Безбедност и квалитет на храна, на Факултетот за ветеринарна медицина-Скопје.

К О Н К У Р С за запишување студенти на втор циклус студии на студиските програми на
Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ во Скопје во учебната 2025/2026 година.

Повеќе информации за студиската програма, можете да погледнете тука.

Почитувани бруцоши,

Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ во Скопје со свечен настан го означува почетокот на новата академска 2025/2026 година.

Првиот академски час ќе се одржи на 1 октомври 2025 година (среда), со почеток во 10:00 часот, на платото кај споменикот на светите Кирил и Методиј. Настанот има за цел да ги обедини сите бруцоши и целата академска заедница на едно место.

Во прилог Ви ја доставуваме официјалната покана .

Првиот академски час на Факултетот за ветеринарна медицина -Скопје, ќе се одржи истиот ден на 01 октомври 2025 година со почеток од 13 часот.

Ве очекуваме!

Конкурсот за упис на студенти на трет циклус студии по Ветеринарна медицина и Безбедност на храна, можете да го погледнете тука.

Факултетот за ветеринарна медицина – Скопје потпиша договор за меѓусебна соработка со Научниот институт за ветеринарство од Нови Сад, Србија.

Овој стратешки договор претставува значаен чекор кон унапредување на научната и стручната соработка, заеднички научно-истражувачки проекти, размена на знаења и искуства, како и поддршка на млади научници и студенти од двете институции.

Целта на оваа соработка е зајакнување на регионалната научна мрежа во областа на ветеринарната медицина, јавното здравје и безбедноста на храна, преку споделување на ресурси, експертиза и добри практики.

Пријави се за примање на известувања за нови објави од нашата веб страна

[email-subscribers namefield=”YES” desc=”” group=”Public”]