Студии

На Факултетот за ветеринарна медицина – Скопје (ФВМ-С) се организирани студии по ветеринарна медицина, кои ја опфаќаат проблематиката на здравствената заштита на животните, особено за оние болести кои се пренесуваат од животните на луѓето, како и безбедноста на храната и ветеринарното јавно здравство. Овие студии се дизајнирани според правилата на Европскиот кредит трансфер систем (ЕКТС) и Болоњската декларација, законските и подзаконските акти од областа на високото образование во Република Македонија, како и Статутот и другите акти на Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“, чија интегративна единица е и ФВМ-С.

Студиите по ветеринарна медицина на ФВМ-С опфаќаат три студиски програми:

  • интегрирани студии од прв и втор циклус по ветеринарна медицина (додипломски студии)
  • докторски студии од трет циклус по ветеринарна медицина
  • докторски студии од трет циклус по безбедност на храна

Сите три студиски програми се акредитирани од страна на Одборот за акредитација и евалуација на високото образование на Република Македонија и имаат решенија за почеток со работа од Министерството за образование и наука на Република Македонија.

Решенијата можете да ги превземете на следните линкови:

Додипломски студии – Интегрирани студии Ветеринарна медицина

Елаборат – студиска програма Ветеринарна медицина од прв и втор циклус интегрирани студии 360 ЕКТС на Факултет за ветеринарна медицина – Скопје при Универизтет Св. Кирил и Методија во Скопје

Решение за акредитација на студиска програма Ветеринарна медицина прв и втор циклус интегрирани студии 360 ЕКТС на Факултетот за ветеринарна медицина-Скопје, при Универзитет Св. Кирил и Методиј во Скопје

Решение за почеток со работа на студиската програма од прв и втор циклус интегрирани студии (360 ЕКТС) по  Ветеринарна медицина на Факултет за ветеринарна медицина при Универзитет Св. Кирил и Методиј во Скопје

Докторски студии – Ветеринарна медицина

Докторски студии – Безбедност на храна