Координатор: проф. д-р Пламен Тројачанец
Клиничката/теренска практика е предвидена за секоја студиска година со фонд од 240 часа. Услов е за запишување во секоја погорна студиска година. Во првите пет студиски години студентите треба да ја реализираат во Универзитетската ветеринарна болница или во лабораториите при ФВМС, или, пак, во амбуланти, фарми и индустриски објекти кои имаат склучено договор со Факултетот (екстрамурална практика), по слободен избор.
Упатството за клиничката/теренската практика може да се најде тука. Во текот на клиничката/теренска практика, студентот води работен дневник, според образец кој може да се преземе тука, а исто така тука може да се најде и упатството за водење на овој дневник. Оттука можете да ги преземете и останатите обрасци потребни за реализирање на оваа практика: интерна упатница и интерна потврда.
- Листата на претпријатија со кои ФВМС има склучено договор за реализирање практична настава може да се види тука.