Координатор: проф. д-р Ксенија Илиевска
Самостојна пракса надвор од рамките на факултетот
Самостојната пракса надвор од рамките на факултетот има за цел да им овозможи на студентите да ги стекнат своите практични искуства директно од ветеринарните практичари и да се запознаат со секојдневната работа и обврски во ветеринарната пракса. Работата, за време на праксата е главно поединечна на различни видови пациенти, во придружба на овластениот ветеринар практичар. При изведување на праксата, студентите се обврзани да прикажат соодветно ниво на знаења и вештини кои ќе ги применат во текот нејзиното изведување.
Студентот во текот на праксата, води забелешки на сите активности во работниот дневник кој го потпишува одговорното лице (практичар). Работата за време на праксата е главно поединечна на различни видови пациенти, во придружба на овластениот ветеринар практичар. Студентите се обврзани да прикажат соодветно ниво на знаења и вештини кои ќе ги применат во текот на праксата. Самостојната пракса во 12от семестар, носи вкупно 6 ЕКТС кредити и претставува услов за пристапување кон изработка и одбрана на дипломски труд.
За реализирање на самостојната пракса надвор од рамките на факултетот, потребни се упатница и потврда потпишана од страна на одговорното лице, која се доставува до координаторот за самостојна пракса заедно со пополнетиот работен дневник. Координаторот ја заверува успешно изведената пракса преку проверка на работниот дневник и пополнет формулар од страна на овластениот ветеринарен практичар.
- Листата на активни договори за соработка, се објавени на веб страната на ФВМС. https://fvm.ukim.edu.mk/wp-content/uploads/2023/06/Листа-на-договори-за-соработка-за-изведување-практична-настава-за-студенти-на-ФВМС-обновена.pdf