ПРЕЗЕНТИРАНИ ФИЗИБИЛИТИ СТУДИЈАТА И ПРОЕКТОТ ЗА ВОСПОСТАВУВАЊЕ ЕДУКАТИВЕН И ТРЕНИНГ ЦЕНТАР ЗА РАЗВОЈ НА ТОВНИ РАСИ НА ГОВЕДА

На две последователни работилници на ФВМС беа презентирани Физибилити студијата и Проектот за воспоставување едукативен и тренинг центар за развој на товни раси на говеда во земјава. На презентацијата присуствуваа бројни гости од сите релевантни институции од областа на земјоделството, претставници на ФАО, како и на бизнисот и академската фела.

„Едукативниот и репроцентарот би одиграл голема улога во развојот на сточарството и производството на говедско месо. Директните бенефити од еден ваков центар се обезбедување и дисеминација на супериорен генетски материјал, едукација и тренинг на фармери, што ќе ја зголеми продуктивноста и профитабилноста во домашното производство на говедско месо, како и помош и водство на придружните индустрии и подобрување на националните капацитети за бизнис во овој сектор“, посочи деканот на ФВМС, проф. д-р Лазо Пендовски.