Отворен е Конкурсот на уписи на Факултетот за ветеринарна медицина – Скопје на интегрирани студии, студиска програма за Ветеринарна медицина. Пријавување на нови студенти на првиот уписен рок е на 30 и 31 август 2023 година преку електронска регистрација на Универзитетот „Свети Кирил и Методиј“ во Скопје: www.upisi.ukim.mk.
Пријавувањето за упис на кандидатите во првиот уписен рок на Факултетот за ветеринарна медицина – Скопје е на 30 и 31.08.2023 година, од 09-14 часот, во Службата за студентски прашања, кога ги приложуваат следните документи:
- Пријава за запишување – образец А1 (универзитетски пријавен лист, достапен во книжарници во близина на Факултетот) ;
- Електронска пријава (генерирана од iKnow системот – интерен и пријавен лист);
- Оригинални свидетелства од сите класови;
- Документ за положена државна матура (оригинално свидетелство за завршено средно образование);
- Извод од матична книга на родените (оригинал);
- Доказ за државјанство на РСМ (уверение или решение, оригинал);
- Потврда (уплатница) за уплатени 300,00 денари на жиро сметка на Факултетот за ветеринарна медицина во Скопје, образец ПП 50 (на уплатницата задолжително да има Име и Презиме и ЕМБГ на апликантот);
- Потврда (уплатница) за уплатена административната такса во износ од 50,00 денари образец ПП 50;
- Лична карта или пасош (документ за идентификација на кандидатот на увид).
Доколку кандидатот не се запишува лично, лицето кое ќе го запишува треба да донесе полномошно заверено на нотар.
Соопштение-и-информации-за-упис-на-студенти-2023-2024_000346-1Повеќе информации за уписите може да се најде тука.