Покана за Промотивна работилница за активностите на Лабораторијата за хигиена на животните и заштита на животна средина

Почитувани,

На 27.10.2023 год. (петок), на Факултетот за ветеринарна медицина-Скопје, ќе се одржи Промотивна работилница за активностите на Лабораторија за хигиена на животните и заштита на животна средина, во период од 10-12 часот во просториите на Факултетот.

Целта на оваа работилница е да ги прикаже постојните лабораториски методи од истоимената
област, а се со цел подигнување на свеста во одржување на редовен мониторинг за заштита на
околината при индустриски активности, согласно еколошките дозволи при Законот за заштита на
животна средина и одржување на здравјето и благосостојбата на животните.

Поканата може да ја погледнете на следниот линк.