Драги матуранти и идни студенти,
Ве покануваме на традиционалниот Отворен ден на Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ во Скопје, кој оваа година ќе се одржи со физичко присуство во просториите на секој факултет. Факултетот за ветеринарна медицина ќе биде отворен за посета во два термина:
- 11:00 – 13:00 часот
- 13:00 – 15:00 часот
Посетата ќе ви овозможи директно да се запознаете со студиската програма Ветеринарна медицина од прв и втор циклус интегрирани студии и начинот на изведување на теоретската и практичната настава, ќе се запознаете со студентите и нивните активности, ќе имате можност да ги посетите просторните капацитети каде се одржува наставата, како и Универзитетската ветеринарна болница.
Во рамките на посетата ќе имате можност да разговарате со професорите и студентите, асистентите и стручните соработници кои се директно вклучени во одржување на наставата. да поставувате прашања за студиските програми, стипендиите, студентскиот живот, практикантството и програмите за студентската мобилност.
Студирајте на факултет кој нуди современо образование, богат практичен ангажман и широки можности за професионален развој.
Изберете ја професијата доктор по ветеринарна медицина – изучувајте ја на Факултетот за ветеринарна медицина – УКИМ.
