Во рамки на COST акцијата CA 18217 – European Network for Optimization of Veterinary Antimicrobial Treatment, во периодот од 16.3-30.3.2024 година, Факултетот за Ветеринарна медицина во Скопје беше домаќин на кратка научна мисија (Short Term Scientific Mission – STSM) на Д-р Теофилос Пападопулос од Ветеринарниот истражувачки институт од Солун. Основна цел на оваа кратка научна мисија беше употребата на MALDI-TOF масена спектрометрија во идентификација на соеви на Salmonella spp. изолирани од животни, луѓе и животна средина како и можности за употреба на оваа технологија во серотипизација на Salmonella spp. и детекција на маркери за антимикробна резистенција кај бактериите.
Оваа кратка научна мисија ги отвори вратите за идна соработка меѓу двете институции во правец на меѓусебно партнерство за идни заеднички истражувања и учества во научно-истражувачки проекти.
Линк од веб страна на COST акцијата: https://enovat.eu/greece-and-north-macedonia-join-forces-in-our-last-short-term-scientific-mission-stsm/?fbclid=IwAR03tgzAByZlJUW-okNE2fp1sqxblI35LBK27-oiHUZ2lB-cFoDQ9Y6nqQ8_aem_AZyqrNW9cz_YiGdVjIBdFkVudiADJlaATZ9RtgstpxjOnK1pDCVKRHrQkgFUorwWZruDiyLM_2abyBcD0f8zcMhq