Известување за Career Transition Support

Студурате на македонски државен универзитет? Сакате да се стекнете со практично искуство за да ги подобрите вашите вештини и шанси за вработување? Тогаш оваа програма е за вас!

Со задоволство, ви ја претставуваме Career transition support програмата за практикантска работа во компании во Македонија или Косово, по ваш избор. Оваа програма на World University Service (WUS) е финансирана и поддржана од владата на германската покраина Северна Рајна-Вестфалија.

За учество потребно е да се најавите на линкот во прилог:

https://docs.google.com/forms/d/e/1FAIpQLSc_i9XqhM-EX8y5cjurCPCu5eRRyQqhHMHrTQW4SOh60FcM0Q/viewform?usp=sf_link

Zoom линк: https://us06web.zoom.us/j/81946850383

Кој може да аплицира?

• Студенти кои се во последната фаза од нивните студии (ќе дипломираат во Октомври или Ноември 2023 година);

• Оние кои дипломирале не повеќе од 6 месеци пред крајниот рок за пријавување (30.11.2023)

• Оние кои се на магистерски студии.

Што нудиме:

-Обуки за тоа како да ја пронајдете вашата работа од соништата (креирање CV, Motivation Letter и вашето прво интервју).

-15.000 денари месечно за период од 3-6 месеци

– Секаков вид на консултации за Практикантска работа и отварање на свој бизнис

– 2 тренинг курса за тоа како да ја направите вашата практикантска работа успешна

На располагање се 50 стипендии за 50 студенти (предност ќе имаат оние кои ќе приложат најдоби апликации и оние кои доаѓаат од семејства со ниски приходи).

За повеке информации можете да го исконтактирате Димитар Каљошевски на northmacedonia@wusgermany.de или на 072 227 940