Почитувани колеги,
Агенцијата за храна и ветеринарство, Ветеринарната комора и Факултетот за ветеринарна медицина во Скопје, организираат стручен состанок со ветеринарните друштва кои извршуваат активности од јавен интерес.
Состанокот има за цел запознавање со епидемиолошката состојба со болеста чума кај малите преживари во регионот и мерките кои треба итно да се преземат со цел спречување на појава и ширење на болеста во државата, а ќе се одржи на 21.08.2024 година (среда) во Предавална 1 на Факултетот за ветеринарна медицина Скопје со почеток од 10:30 часот .