Пријавување за упис на кандидати на Факултетот за ветеринарна медицина во Скопје

При прјавувањето за запишување на кандидатите на Факултетот за ветеринарна медицина во Скопје, кандидатите ги поднесуваат следните документи во следните рокови.

Пријавувањето на кандидатите во третиот уписен рок е на 24.09.2018 година од 09-14 ч.

Пријавувањето со документи ќе се врши во Службата за  Студентски прашања, но претходно кандидатите треба  да се електронски пријавени во IKNOW системот со целосно поплнети податоци што им се бараат на линкот даден подолу

https://www.upisi.ukim.mk/Account/Login.aspx?ReturnUrl=%2f

 Информациите се истакнати  и на страницата на Универзитетот “Св. Кирил и Методиј” во Скопје

http://www.ukim.edu.mk/mk_content.php?meni=186&glavno=40

и на страницата на Факултетот за ветеринарна медицина во Скопје

http://fvm.ukim.edu.mk/

Потребни документи за пријавување се:

-пријава за запишување( образец А1,се купува во книжара),со уплатница уплатена во банка од 50 денари

со цел на дознака за Aдминистративна такса  на образец  ПП 50

Буџет на РМ

Трезорска сметка 1.000.000.000.63095

Банка: НРБМ

50 денари

Уплатна сметка  840 147 03161

Приходна шифра и програма  722313  00

  • електронска пријава (испечатена од IKNOW системот )
  • оригинални свидетелства од сите класови
  • документ за положена државна матура (оригинално свидетелство за завршено средно образование)
  • извод од матичната книга на родените
  • доказ за државјанство на РМ ( уверение или решение )
  • потврда за уплата на 300 денари на жиро – сметката на Факултетот за ветеринарна медицина во Скопје образец ПП 50 (на уплатницата задолжително да има Име и Презиме и ЕМБГ на апликантот)

Примач: Факултет за ветеринарна медицина во Скопје

Банка: НБРМ

Трезорска сметка: 1.000.000.000.63095

 износ: 300 денари

 Сметка на буџетски корисник единка: 1600104561  788   15

 приходна шифра и програма: 723012   41

 Цел на дознака: за студиски програми за кои не се врши проверка на знаењата и умеењата

 –  лична карта или пасош ( документ за идентификација на кандидатот)

Кандидатите кои конкурираат согласно со Правилникот за начинот на проверка на основните критериуми и
запишување во квоти на студентите чие родителско право го врши само еден родител, како и посебните критериуми
за остварување на ова право, ги поднесуваат и документите наведени во член 4 и член 5 од истиот Правилник (Конкурсот на УКИМ):
За материјалните можности:
– потврди за остварена плата на вработените членови на семејството за месец јуни од тековната година
или доколку за овој месец не е исплатена плата, да се достави потврда за последната исплатена
плата;
– за корисници на социјална помош се доставува последно решение/потврда од центарот за социјални
работи;
– за пензионираните членови на семејството се доставува документ за висина на пензија и
– пресуда од надлежен суд со утврдена законска издршка за кандидат и истата се смета како месечен
приход.
За посебните критериуми:
– уверение за државјанство на Република Македонија,
– извод од матичната книга на родените за кандидатот,
– за родител на кој му е одземено родителското право – решение од надлежен суд и/или
– за починат родител – извод од матичната книга на умрените.

Правото од претходниот став кандидатите го остваруваат при пријавувањето, со документ. Дополнително доставување документ за кандидатите кои се запишуваат во прва година не се зема предвид.

Припадниците на безбедносните сили и други категории на лица утврдени со Законот за посебните права на
припадниците на безбедносните сили на Република Македонија и членовите на нивните семејства, како и лицата
утврдени со одредбата од чл. 23 од истиот Закон (Сл. весник на РМ бр. 2/02, 17/03, 30/04 и 66/07), во учебната
2018/2019, ќе се запишуваат надвор од државната квота без плаќање партиципација, односно кофинансирање,
под услови за запишување утврдени во овој Конкурс, а нивниот број може да изнесува најмногу до 10% од
вкупниот број студенти на соодветната студиска програма.

Правото од претходниот став кандидатите го остваруваат при пријавувањето, со документ од Министерството за одбрана или од Министерството за внатрешни работи. Дополнително доставување документ за кандидатите кои се запишуваат во прва година не се зема предвид.

Забелешка: Бидејќи пријавувањето се врши со оригинални документи, се препорачува кандидатите претходно да направат преписи од документите за свои потреби и да ги заверат на нотар.

Запишувањето на примените кандидати е на 28.09.2018 година од 09 -14 часот.

 

Известувањето за пријавување можете да го видите тука.