ТРЕТ уписен рок за студенти на ФВМ-С во учебната 2019/2020

Во согласност со Конкурсот за запишување студенти на прв и втор интегриран циклус студии на студиската програма Ветеринарна медицина на Факултетот за ветеринарна медицина-Скопје на Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ во Скопје во учебната 2019/2020 година, пријавувањето на кандидатите за ТРЕТИОТ уписен рок на Факултетот за ветеринарна медицина – Скопје ќе се одржи на 25 Септември 2019 година.

Пријавувањето со документи ќе се врши на Студентски прашања, а претходно кандидатите треба веќе да се електронски пријавени во IKNOW системот.

На ФВМ-С, во сите уписни рокови, ќе можат да се запишат матурантите кои ги имаат положено соодветните екстерни и интерни предмети од матурата, кои се пропишани со Конкурсот, но и матурантите кои имаат несоодветни екстерни и интерни предмети. Во согласност со Упатството на УКИМ за примена на Конкурсот, матурантите кои ги немаат положено соодветните екстерни и интерни предмети ќе имаат различна формула за пресметка на поените од матурата и успехот од средно образование.

При пријавувањето за запишување на факултетите кандидатите ги поднесуваат следниве документи:
1. пријава за запишување (образец А1)
2. електронска пријава (од iKnow-системот)
3. оригинални свидетелства од сите класови
4. документ за положена државна матура (оригинално свидетелство за завршено средно образование)
5. извод од матичната книга на родените
6. доказ за државјанство на РМ (уверение или решение)
7. потврда за уплатa:
– 300 денари на жиро-сметката на факултетот, за студиски програми за кои не се врши проверка на знаењата
и умеењата

НАПОМЕНА: Електорнската пријава се пополнува со кирилична поддршка!

Условите, критериумите и начинот на селекција на кандидатите при запишување на интегрираните студии Ветеринарна медицина детално се приложени во Конкурсот на УКИМ.