Во функција на остварување на целите на Факултетот од аспект на финансиите и материјалното работење, продеканот за финансии ги врши следниве работи во делокругот на финансиско и материјално работење на Факултетот:
- Учество во изготвување на финансиски документи за работењето на Факултетот;
- Следење и контрола на состојбата и движењето на средствата и изворите на средствата, приходите и расходите на Факултетот;
- Учество во изготвување на предлог-буџетот на Факултетот и предлози за ребаланс на буџетот;
- Учество во изготвување на месечни, квартални и годишни финансиски планови на Факултетот и нивно следење;
- Изготвување барања за проширување на плановите до УКИМ и Министерството за образование;
- Контрола на комплетноста и исправноста на целокупната финансиска документација (еx -ante i ex-post контрола);
- Изготвување информации и извештаи за движењето на средствата на Факултетот;
- Ја организира и контролира реализацијата на пописот на основните средства на Факултетот;
- Следење и согледување на потребите од набавки на Факултетот, во координација со раководителите на институтите.
- Изготвување на годишен план за јавни набавки и негова реализација;
- Организирање и контролирање на процедурата и договорите за јавни набавки и нивната реализација;
- Ги координира воспоставувањето на процедури за финансиско и материјално работење (движење на документи, фактурирање, магацинско работење и други потребни процедури кои ќе се појават како потреба во зависност од текот на работата);
- Одобрување на патните сметки, како и правење на план за патувања во странство во согласност со финансискиот план;
- Следење на побарувањата и обврските на Факултетот;
- Контрола на магацинското работење;
- Изготвува барања, ги следи и изготвува извештаи од интегративните функции на УКИМ;
- Потпишува финансиски документи по претходно овластување од Деканот;
- Изготвува предлози и дава иницијативи за решевање на одделни прашања и проблеми од областа на финансиското и материјалното работење;
- Врши и други работи од областа на финансиското и материјалното работење на Факултетот, како и работи кои ќе му ги довери Деканот.