Лабораторија за хигиена на животните и заштита на животната средина

Лабораторијата за хигиена на животните и животната средина е формирана со цел ветеринарот практичар, фармерот или менаџерот на фармата да добие податоци со кои што ќе може да ги анализира намалувањето на производството, ненормалното однесување и болестите на домашните животни во нивната комплексна интеракција со околината.

Во таа смисла лабораторијата ќе врши:

  • микроклиматски мерења на воздухот во објектите за домашни животни и непосредната околина,
  • микробиолошки испитувања на воздухот во објектите за домашни животни и непосредната околина,
  • оценка на хигиенската исправност на почвата и водата,
  • препораки за избор на локација за градба на објект,
  • препораки за спроведување на мерки на дезинфекција, дезинсекција и дератизација,
  • одредување на ефикасност на дезинфициенси,
  • препораки за хигиената и сместување на фармските животни,
  • изработка и давање на мислења за еколошка соодветност на објектите за домашни животни,
  • одредување на влијанието на интензивното фармско производство врз животната средина.