Во рамките на VETCOM проектот, чија цел е усовршување на англиската ветеринарна терминологија, финансиран од Erasmus+ програмата, наставниот и административниот кадар при Факултетот за ветеринарна медицина – Скопје го посети Ветеринарниот факултет во Загреб.
Посетата беше насочена кон размена на искуства, идеи и наставни практики во реализацијата на програмите на англиски јазик. Наставниот кадар од ФВМС имаше можност да присуствува на предавања и вежби со странски студенти, да сподели и развие наставни материјали, како и да ги унапреди пристапите во наставата.
Ова се серии на студиски посети на Ветеринарниот факултет во Загреб во рамките на проектот, во периодот од Октомври 2025 до Март 2026 година, кои имаат за цел континуирано професионално усовршување и зајакнување на англиската програма на Факултетот.
Така се гради мост на академска соработка меѓу регионалните институции и се создава модерна, меѓународно препознатлива настава по ветеринарна медицина.



