Трет уписен рок за запишување на студенти по ветеринарна медицина на ФВМ-С

Факултетот за ветеринарна медицина oбјавува доплнителен Конкурс за упис на нови студенти по ветеринарна медицина во учебната 2020/2021 година. Пријавувањето за слободните места за кандидатите за ТРЕТИОТ уписен рок ќе се одржи на 28 септември 2020 година преку IKNOW системот.

Кандидатите треба да се електронски пријавени во IKNOW системот.

XI. Документи за пријавување и запишување
Пред пријавувањето во роковите утврдени со Конкурсот, секој заинтересиран кандидат треба да се регистрира на www.upisi.ukim.mk и да ја пополни електронската пријава од iKnow-системот.
Бројот којшто кандидатот автоматски го добил од системот за електронското пријавување треба да се внесе и во пријавата што се поднесува при пријавувањето за запишување. Пријавувањето на кандидатите се врши електронски, со испраќање на електронска пошта (upisi-fvm@ukim.edu.mk) на факултетот за пријавување на кандидатите.
Во предмет (Subject) на електронската пошта, кандидатите го наведуваат бројот што автоматски им го генерирал системот за електронско пријавување.
Во прилог на приjавата, треба да се прикачат (во Attach File) скенирани следниве документи:
1. пријава за запишување(образец А1)
2. електронска пријава(од iKnow-системот)
3. оригинални свидетелства од сите класови
4. документ за положена државна матура (оригинално свидетелство за завршено средно образование)
5. извод од матичната книга на родените
6. доказ за државјанство на РСМ (уверение или решение)
7. потврда за уплатa:

  • Административната такса во износ од 50,00 денари (Образец ПП 50:Назив на примачот: Трезорска сметка- Скопје; Банка на примачот: НБРСМ; Тансакциска сметка 100-0000000-630-95; Уплатна сметка 840-ХХХ- 03161;Конто 722313 00)
  • 300 денари на жиро-сметката на факултетот, за студиски програми за кои не се врши проверка на знаењата и умеењата.

Уплатница  пп 50

со цел на дознака

Задолжително да стои Име и Презиме на студентот со ЕМБГ

Назив на примач – Факултет за ветеринарна медицина – Скопје

Банка на примач – НБРСМ

Сметка 100000000063095

Износ

Сметка на буџетски корисник единка 1600104561 788 15

Приходна шифра и програма 723012 41


На ФВМ-С, во сите уписни рокови, ќе можат да се запишат матурантите кои ги имаат положено соодветните екстерни и интерни предмети од матурата, кои се пропишани со Конкурсот, но и матурантите кои имаат несоодветни екстерни и интерни предмети. Во согласност со Упатството на УКИМ за примена на Конкурсот, матурантите кои ги немаат положено соодветните екстерни и интерни предмети ќе имаат различна формула за пресметка на поените од матурата и успехот од средно образование.

При пријавувањето за запишување на факултетите кандидатите ги поднесуваат следниве документи:
1. пријава за запишување (образец А1)
2. електронска пријава (од iKnow-системот)
3. оригинални свидетелства од сите класови
4. документ за положена државна матура (оригинално свидетелство за завршено средно образование)
5. извод од матичната книга на родените
6. доказ за државјанство на РМ (уверение или решение)
7. потврда за уплатa

НАПОМЕНА: Електорнската пријава се пополнува со кирилична поддршка!

Условите, критериумите и начинот на селекција на кандидатите при запишување на интегрираните студии Ветеринарна медицина детално се приложени во Конкурсот на УКИМ.