EAEVE

Евалуација на студиите по ветеринарна медицина на ФВМ-С

Меѓународната евалуација на студиите по ветеринарна медицина на ФВМ-С е должност што беше преземена со зачленувањето на Факултетот во Европската асоцијација на ветеринарни факултети (European Association of Establishments for Veterinary Education – EAEVE). Одговорноста за овој процес, пред сè лежи на раководствто на Факултетот, со обезбедување соодветни услови за изведување на наставата по ветеринарна медицина, кои постојано ќе се усовршуваат, следејќи ги европските и светските стандарди.

Исто така, за успешно реализирање на оваа цел удел има и наставниот кадар, кој треба стално да се стреми кон подобрување на наставниот процес преку следењето на нови научни сознанија, примената на совремни наставни средства и методи, како и транспаретни и објективни методи на проверка на знаењето и вештините кај студенитите. Со ова ќе се исполнат основните стандарди на Европската Унија за ветеринарната едукација.

Во моментов ФВМ-С е во процедура на евалуација од страна на EAEVE, знаејќи дека ова е тежок процес со многу побарувања, но кој секако ќе придонесе за подобрување на наставниот процес, и дека ќе вроди со позитивна евалуација на Факултетот. Со тоа ФВМ-С ќе стане поатрактивно место за студирање за идните студенти, не само од земјава, туку и од странство.

www.eaeve.org

EAEVE Координатор: Проф. д-р Влатко Илиески
Тел : ++389 02 3240 761
E-пошта: vilieski@fvm.ukim.edu.mk