Летна пракса на студентите од Факултетот за ветеринарна медицина-Истанбул, Р. Турција на ФВМ-С

Факултетот за ветеринарна медицина во Скопје и оваа година успешно ја реализираше летната екстрамурална пракса за студентите од Факултетот за ветеринарна медицина од Истанбул, Турција, во периодот од 14-25 август 2017 година. Студентите реализираа практична настава од предклинички и клинички науки во Универзитетската ветеринарна болница, во лабораториите на Ветеринарниот Институт, Институтот за храна и Институтот за репродукција и биомедицина. На 25 август деканот на ФВМ-С, Проф. д-р Лазо Пендовски на студентите им додели сертификати за успешно реализирана летна екстрамурална пракса.