Јубилеј „90 години Ветеринарна наука и едукација”

На 14 Ноември 2017 година, Факултетот за ветеринарна медицина-Скопје ќе го чествува јубилејот „90 години Ветеринарна наука и едукација” по повод основањето на првата Ветеринарна научна и едукативна институција во Македонија, Ветеринарно одделение во рамките на Хигиенскиот завод во Скопје основан во 1927 година, од кој подоцна настанува Ветеринарниот Институт кој од 2004 година работи во рамките на Факултетот за ветеринарна медицина-Скопје.

По тој повод Факултетот ќе организира:

  • работна сесија со пленарни предавања за современите трендови и потреби во ветеринарната едукација и наука во Македонија
  • свечена академија на која ќе присуствува ректорот од УКИМ, истакнати дејци и основоположници на ветеринарната професија во Македонија, како и гости од други Ветеринарни факултети и институции со кои ФВМС има повеќедецениска соработка во областа на ветеринарната медицина.

Програмата за настанот е прикажана подолу и истата можете да ја превземете во PDF тука: