Решение за овластување на лаборатотрија за вршење анализа и суперанализа на квалитетот на сурово млеко

Како гаранција за своите заложби за унапредување на своите применувачки активности, Факултетот за ветеринарна медицина-Скопје, достави барање до Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство за овластување на Лабораторија за вршење на анализа и суперанализа на сурово млеко.

По извршениот надзор од страна на комисија од МЗШВ за исполнување на условите од член 138 став 2 од Закон за квалитет на земјоделски производи  (Сл. Весник на Република С. Македонија бр. 140/10 со измени и дополнувања) утврдено е дека Факултетот ги исполнува условите за стекнување на статус на овластена лабораторија за вршење на анализи и супер-анализи на сурово млеко.

Со ова решение се зголемуваат одговорностите на Лабораторијата за контрола на квалитетот на сурово млеко чиј персонал уште повеќе ќе се посвети на секојдневните предизвици со кои се среќава секторот за производство на млеко во Северна Македонија.

Истовремено, ја известуваме јавноста дека набавен е нов автоматизиран инструмент за утврдување на хемискиот состав на суровото млеко (масти, протеини, лактоза, сува материја, уреа) и за броење на соматските клетки (главен индикатор за здравствената состојба на млечната жлезда кај молзните животни), како и апарат за броење на бројот на бактерии во суровото млеко (параметар кој ја отсликува хигиенската состојба). Сите овие чекори се со цел за модернизирање и зголемување на капацитетот на Лабораторијата, а со тоа и поефикасна соработка со сите партнери во секторот на млекопроизводство. Поради сето горенаведено започнат е процес на проширување и адаптација на просторот на лабораторијата. Сите овие активности се во насока на обезбедување на техничка и експертска подршка на Министерството за земјоделсто, шумарство и водостопанство, Агенцијата за храна и ветеринарство и млекопроизводителите во државата со цел зајакнување на состојбите во млекопроизводството.

Решението можете да го погледнете тука.