Успешно реализиран „20-ти Интернационален Научно-истражувачки Ветеринарно-медицински конгрес за студенти” при Факултетот за ветеринарна медицина во Истанбул, Турција

Во периодот од 03-05 мај 2018 година беше оддржан ,,20-ти Интернационален Научно Истражувачки Ветеринарно Медицински Конгрес за студенти” при Факултетот за ветеринарна медицина во Истанбул, Турција, од страна на 3 студенти на Факултетот за ветеринарна медицина во Скопје. Димитар Божиновски, Лина Накевска и Сандра Ташковска беа студентите кои го претставија ФВМ-С со орални презентации од области на анатомија, патофизиологија и благосостојба на домашните животни и тоа:

  • Димитар Божиновски (студент од петта година): “Interpretationn of computer tomography (CT) split images using S10 thin-plastinated anima model” под менторство на: проф. д-р Лазо Пендовски и проф. д-р Влатко Илески од катедрата за Анатомија на домашните животни.
  • Лина Накевска (студент од петта година): “Multimodal Management Aproach in Assaf Sheep Breeding” под менторство на: проф д-р. Игор Улчар и доц. д-р Ирена Целеска од катедрата за Патофизиологија.
  • Сандра Ташковска (студент од втора година): “Circardian behavioral rhytm of dairy cows in loose housing system” под менторство на: проф. д-р Влатко Илески и доц. д-р Мирослав Радевски од катедрата за Благосостојба на домашните животни.

Студентите успешно ги реализираа своите проекти, со што стекнаа искуство на презентирање и презентирачки вештини на повисоко ниво пред јавен и интернационален публицитет, со што одлично го покажаа својот интелектуален капацитет во пишување на абстракти, истражување и изработување на научни трудови, кои ќе им овозможуваат и олеснуваат во работата за понатамошните предизвици.  Пред се, стекнати се контакти од останатите Факултетите за ветеринарна медицина во меѓународните кругови, разменети се контакти и видлива е амбицијата за понатамошна соработка