Успешно одбележан настан по повод “Европскиот ден за рационална употреба на антибиотиците 2019”

ИЗВЕШТАЈ за успешно одбележан настан по повод Европскиот ден за рационална употреба на антибиотиците 2019

Студентите од IVSA – Skopje при Факултетот за ветеринарна медицина во Скопје на 18 Ноември 2019 година организираа едукативна работилница во соработка со проф. д-р Ромел Велев од катедрата за фармакологија  и токсикологија по повод одбележување на Европскиот ден за рационална употреба на антибиотиците (European Аntibiotic Аwareness Day 2019).

Работилницата ја отвори проф. д-р Велев кој ги воведе присутните 17 студенти од 3-та, 4-та и 5-та година во оваа здравствена иницијатива за подигање на свеста за неопходноста од одговорно користење на антибиотиците, како во ветеринарната така и во хуманата медицина, и за ризиците од нивната несоодветна употреба.

Студентите Нада Цветановска, Андријана Тончевска и Елисавета Лукановска на присутните студенти им ја прикажаа презентацијата под наслов ,,Правилна употреба на антибиотиците кај домашните миленици’’ која ги опфати следниве теми:

– Антимикробни средства, нивна  важност за ветеринарната медицина и создавање на резистентни соеви на бактерии према нив – презентер Нада Цветановска;

– Употреба на антимикробните средства во ветеринарната мала пракса и појавата на зоонози – презентер Елисавета Лукановска;

– Правила за рационална употреба на антимикробните средства кај домашните миленици и систем за превенција на зоонози – презентер Андријана Тончевска.

По презентацијата на студентите им беше поделен краток квиз со прашања од предходно презентираните информации, преку кој студентите можеа да го оценат своето стекнато знаење во врска со антимикробната резистенција, а презентерите преку анализата на одговорите имаа можност да ја оценат ефикасноста на нивната презентација. На крај, на студентите им беа презентирани точните одговори од квизот.

Во реализација и изработка на квизот учество земаа студентите Ива Тасевска, Јана Ќортошева и Надја Георгиева.

Студенти присутни на настанот: Нада Цветановска, Неда Кузмановска, Елисавета Лукановска, Андријана Тончевска, Марија Солакова, Ива Тасевска, Јована Спасовска, Јана Ќортошева, Ненад Димковски, Ена Добриќ, Бојана Чапунковска, Антонио Барабановски, Филип Ташев, Методи Илиески, Анета Поп Николовска и Благој Анакиев.