Летна пракса на студенти од ФВМ-С на Факултетот за ветеринарна медицина во софија, Р. Бугарија

Во периодот од 23-28 јули 2017 година, 4 студенти од Факултетот за Ветеринарна медицина во Скопје со целосна подршка од Факултетот обавија летна практика на Факултетот за ветеринарна медицина во Софија, Р. Бугарија. Практиката беше реализирана на факултетската клиника, како и во две приватни клиники во Софија. Во рамките на оваа практика студентите се запознаа со некои нови стручни зафати како: компјутерска томографија, кардиоехографија, операција на дискохернија, интензивна нега итн.
Летната клиничката практика се реализира врз основа на договорот помеѓу двата Факултета од 2016 година и успешно се спроведува веќе втора година со што се овозможува на студентите од двата факултети да ги зголемат своите практични знаења и вештини.

slika 4
slika 2
slika 1
sliak 5
sliak 3