Establishment of Safer Animal Rescue Capacity

Главен истражувач: Проф. д-р Лазо Пендовски

Учесници од ФВМС: проф. д-р Игор Улчар, проф. д-р Пламен Тројачанец, проф. д-р Зехра Хајрулаи-Муслиу, проф. д-р Флорина Поповска Перчиниќ, доц. д-р Ирена Целеска, Мирослав Радески ДВМ, Мартин Николовски ДВМ

Времетраење: 22.04.2016-22.04.2018

Финансиран од: Erasmus Plus Programme / KA2 – Cooperation and Innovation for Good Practices Strategic Partnerships for Adult Education

Тип на проектот: меѓународен

Основна цел на овој проект е воспоставување на капацитети и техники за безбедно спасување на животни односно развивање на долгорочно партнерство помеѓу партнерите од проектот и останатите ЕУ земји преку креирање на сертифицирани програми и центри за безбедно спасување на животните. Проектот предвидува мобилизирање и јакнење на капацитетите кај регионалните, националните и европските чинители за безбедно спасување на животните, пред се помеѓу партнерите.

Главни цели на проектот се:

  • Обезбедување на физички интегритет и добра здравствена состојба кај спасените животни со примена на модерни техники за безбедно спасување на животните.
  • Развивање на нови односно унапредување на постојните технологии и методологии за обука на тимовите за спасување на животни.
  • Воспоставување на долгорочен процес на обука и сертификација на лица за спасување на животни односно воспоставување на центри за спасување на животни на национално ниво.
  • Развој и подобрување на стратегијата за безбедно спасување на животни на национално ниво со примена на експертизи од ветеринарното здравство.
  • Продлабочивање на соработката на капацитетите за размена на знаење помеѓу партнерите на проектот и нивна меѓународна инклузивност.