Соопштение за настава во учебната 2020/2021 година

Се известуваат студентите дека наставата во учебната 2020/2021 година ќе започне 5.10.2020 год., при што до 16.10.2020 год. ќе се одвива само теориска  настава (предавања) од далечина, според распоредот што истакнат на факултетската веб-страница. Наставата од далечина ќе се одвива со платформата TEAMS на Мајкрософт, при што секој наставник формира тимови од студентите, со нивните службени е-адреси, по што ќе ги информира студентите за подетален договор.

Студентите се должни редовно да се приклучуваат на он-лајн предавањата, и нивното присуство ќе биде проверувано и евидентирано. Доколку имаат некакви проблеми со он-лајн платформата, можат да се обратат до факултетскиот координатор на ИКТ Виктор Денковски.

Соопштението можете да го превземете тука.