Одржување на Симпозиум „Респираторни болести кaј живината и нивна превенција“

На 1 Ноември 2019 година со почеток во 9.00 часот во организација на Факултетот за ветеринарна медицина – Скопје ќе се одржи Симпозиумот „Респираторни болести кaј живината и нивна превенција“. Ко-организатори на Симпозиумот се Македонските ограноци на Светската ветеринарна живинарска асоцијација (WVPA) и Светската живинарска научна асоцијација (WPSA).

Покрај предавачите од Факултетот за ветеринарна медицина – Скопје, проф. д-р Александар Додовски и Мирослав Ќосевски, ДВМ, свои предавања ќе имаат и проф. д-р Ласло Короши од Унгарија и претставник од Агенцијата за храна и ветеринарство.

Факултетот за ветеринарна медицина – Скопје како водечка научна институција од областа на ветеринарната медицина во Македонија постојано ги следи трендовите и барањата на стопанството. Во таа насока овој Симпозиум претставува одлична можност за пренесување на научните достигнувања до сите засегнати страни и е показател за соработката помеѓу науката и стопанството.

Координатор на настанот е: проф. д-р Александар Додовски, adodovski@fvm.ukim.edu.mk.

Повеќе информации за програмата, местото и времето на одржување можете да најдете на следниот линк.