Надзор и молекуларна епидемиологија на авијарните парамиксовируси и вирусите на авијарната инфлуенца во Кина и Македонија

Главен истражувач: Александар Додовски

Учесници: Александар Додовски, Игор Џаџовски, Кирил Крстевски, Загорка Попова, Мирослав Ќосевски

Улога на лицата од ФВМС вклучени (учесници) во проектот: Земање на примероци (биолошки материјал) од дивите птици и домашната живина, молекуларни (ПЦР) и вирусолошки истражувања на примероците земени во рамките на проектот, молекуларни (ПЦР) и вирусолошки истражувања на примероците присутни во архивата на лабораторијата и екстензивни молекуларни и генетски студии (секвенционирање и филогенетска анализа).

Партнери во пректот: College of Veterinary Medicine, Jilin University, China

Времетраење: 01.01.2020-31.12. 2021

Финансиран од: Конкурс за заеднички билатерални проекти меѓу Македонија и Кина објавен од МОН

Тип на проектот: Меѓунароен проект

Резиме на проектот: Двете најважни заболувања кај птиците се со вирусно потекло и тоа се авијарна та инфлуенца (АИ) и Њукастелската болест (ЊБ). Обете болести можат да предизвикаат до 100% смртност кај јатото. Тие имаат прекуграничен карактер, т.е. можат лесно да се шират преку различни начини (диви птици, трговија, механички средства) и да имаат големо социо-економско влијание врз животниот стандард како во сиромашните така и во богатите земји. Некои видови на АИ се зоонотски и имаат пандемиски потенцијал. Македонија и Кина имаат добро развиена живинарска индустрија со релативно голем дел на индивидуални фарми и пазарите на жива живина. Покрај тоа, регистрирани се случаи на високо патогена АИ и ЊБ, а случаи на зараза со H5N1 и H7N9 со смртоносни последици се регистрирани и во Кина. Споменатите инфекции се исклучително важни за земјоделството на двете земји. Со оглед на тоа што дивите птици, особено водните птици, се главниот резервоар на вирусите на инфлуенца А во природата, потребата за постојан надзор на епизоотијата кај популациите на овие птици е несомнена. Денес, постојаниот надзор и мониторинг на циркулацијата на инфлуенца и птичји парамиксовируси (преставник ЊБ) кај домашните и диви птици во Македонија и Кина, како и студии за нивните главни биолошки и генетски карактеристики се многу релевантни. Овие студии имаат не само научен интерес, туку и применета и практична важност. Податоците добиени за време на студиите за надзор ќе овозможат да се прогнозира појавата на нови пандемиски и епизоотски епидемии, како и да се подготват на време сите засегнати страни за следните пандемии и епизоотии.