Со особена чест и задоволство споделуваме дека Бојана Чапкуновска, студент на Факултетот за ветеринарна медицина – Скопје, е добитник на престижната награда за најдобро дипломиран студент за учебната 2024/2025 година, која традиционално се доделува на најуспешните студенти на Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ во Скопје.

Со својот исклучителен успех, посветеност и љубов кон ветеринарната медицина, Бојана претставува пример за академска извонредност, професионалност и истрајност.

Ова признание претставува едно од најзначајните студентски признанија на УКИМ и се доделува на студенти кои со своите академски достигнувања оставаат траен белег во универзитетската заедница.

И честитаме на Бојана за овој голем успех и ѝ посакуваме уште многу лични, академски и професионални достигнувања во иднина.

Факултетот за ветеринарна медицина – Скопје продолжува да создава кадри кои со знаење, посветеност и хуманост придонесуваат за развојот на ветеринарната професија и науката.