Известување за конференцијата СКГКП

Испрати твоја фотографија и учествувај на геофотоконкурсот во рамки на Студентската конференција за глобални климатски промени СКГКП организиран од Истражувачко здружение на студенти географи “Природник” – EGEA Skopje


📸 Наградените фотографии ќе бидат искористени во календар за 2021 година.


Право на учество имаат сите граѓани на Р.С.Македонија. Еден автор може да испрати најмногу 3 дигитални фотографии во боја, кои претходно не учествувале на фото-конкурси.


📬 E-mail за испраќање фотографии: geofotokonkurs.prirodnik@gmail.com


Детални информации за правила на учество:
Геофотоконкурс 2020
Тема: Лето во Р.С.Македонија



Почитувани,
Истражувачкото здружение на студенти географи „Природник“, во рамките на Студентската конференција за глобални климатски промени СКГКП, а поддржани од Универзитетско студентско собрание – УКИМ, го организира 3тиот по ред Геофотоконкурс на тема: Лето во Македонија.
Геофотоконкурсот е дел од кампањата на студентите географи за промовирање на домашниот туризам кој од една страна ќе ве запознае со убавините на Р.С.Македонија, а од друга страна ќе ги помогне локалните бизниси и нашите сограѓани во борбата со економската криза предизвикана од пандемијата.
Наградите се:
1. Прво место од Комисија (3500 денари)
2. Второ место од Комисија (2500 денари)
3. Трето место од Комисија (1500 денари)
4. Награда од публика (3000 денари)
Наградените фотографии ќе бидат искористени во изработката на календар за 2021 година.
Право на учество имаат сите граѓани на Р.С.Македонија.
Испраќање на фотографии до 31.08.2020 година.
Сите пристигнати фотографии, ќе бидат објавени во заеднички албум на Фејсбук профилот на Природник.
Доколку Студентската конференција се одржи со физичко присуство, за наградата од публика, учесниците ќе гласаат за најдобрата фотографија а доколку е онлајн, фотографијата ќе се избере по пат на гласање на социјалните мрежи.
Победниците ќе бидат објавени во септември годинава на социјалните мрежи на Природник.
Апликација:
– Учеството е бесплатно.
– Еден автор може да испрати најмногу 3 фотографии. Учеството опфаќа дигитални фотографии во боја, испратени преку е-маил (не принт, црнобели фотографии или панорама формати).
Насловите на дигиталните фотографии мора да го содржат името на фотографот и името и бројот на фотографијата (1-3) (пример: StefanStefanovski_MavrovskoEzero _1.jpg).
Испратете ги Вашите фотографии на geofotokonkurs.prirodnik@gmail.com и треба да биде напишано името и презимето на авторот, наслов на фотографијата и краток опис за фотографијата со која аплицира, но и линк до негово портфолио, веб-сајт и/или друг социјален медиум.
За фотографиите:
– Препорачан формат е најмалку JPEG/150dpi, со големина на фајлот не поголема од 20Мb. Фотографиите треба да содржат жиг или лого од авторот.
– Фотографијата потребно е да содржи природно географски аспекти од областа каде што е направена
– Фотографиите треба да ја доловат и промовираат Р.С.Македонија како туристичка атракција и микс на природа, храна, традиција итн.
Наградниот фонд е обезбеден од страна на Студентската конференција за глобални климатски промени и Универзитетското Студентско Собрание при УКИМ
Авторските права за сите фотографии кои учествуваат мора да припаѓаат на фотографите. Фотографот ги задржува правата за неговите/нејзините фотографии во секое време и неговото/нејзиното име ќе се појавува секогаш кога се објавени. Со учество во натпреварот, натпреварувачот им дава право на организаторите за бесплатна употреба на фотографиите за следните цели:
– Промовирање на геофотоконкурсот во публикации на организаторот, неговата веб страна и во медиуми.
– Сите пристсигнати фотографии можат да бидат користени од страна на организаторот Истражувачко здружение на студенти географи “Природник” за изложби и негово рекламирање и публикации.
– Употребата на фотографии за други цели освен оние споменати во текстот погоре, единствено може да продолжи после консултација со фотографот. Права на фотографиите немаат агенции или издавачи. Организаторот не превзема одговорност за акции превземени од трети страни.
Ќе бидат земени во предвид само фотографии кои претходно не учествувале на други конкурси и кои не биле изложувани и за кои авторот ги поседува сите права.
Повеќе информации:
Тел: 078/409-005;