Лабораторија за патофизиологија

Новите трендови во ветеринарната практика наложуваат современа лабораториска дијагностика од областа на:

  • ветеринарната хематологија и хемостаза,
  • ветеринарната клиничка биохемија,
  • уринализа,
  • ендокринологија, и
  • цитологија и преглед на телесни течности.

Лабораторијата е опремена со најсовремена опрема за лабораториска клиничка дијагностика, а услугите и дејностите во оваа лабораторија се наменети за изведување на:

  • рутински анализи на клиничките пациенти
  • соработка со ветеринарните амбуланти кои имаат потреба од вакви услуги,

Со изработувањето на лабораториските испитувања и со толкувањето на резултатите од нив факултетот остварува стручна и деловна соработка со клиентите, со ветеринарните амбуланти, со фармерите и со сточарите.

Лабораторија овозможува:

  • брза, лесна и рутинска дијагностика на болестите кај малите и кај големите животни,
  • подигање на нивото на клиничката практика, и
  • воспоставување систем за здравствена контрола.

Во лабораторијата се имплементирани:

  • современи аналитички методи според стандардните оперативни постапки, и
  • високо ниво на услугите на пазарот.

Покрај рутинските анализи, во оваа лабораторија:

  • се зголемени и се зајакнати капацитетите на научно-истражувачката работа,и
  • е овозможена реализацијата на научно-истражувачките проекти.

Во лабораторијата работи обучен и стручен персонал кој своето знање и искуство го стекнал во светски познати и признати лаборатории.

Запазени се стандардните оперативни постапки околу:

  • начинот на земање на примероците,
  • нивното пакување,
  • проследувањето до лабораторија,
  • начинот на чување, и
  • манипулацијата со примероците.

Лабораторијата е отворена за меѓународна соработка со светски реномирани лаборатории, со други факултети и институции кои се занимаваат со истата проблематика, како и за размена на знаење и искуства со нив.