Нова опрема во Лабораторијата за биохемија, клиничка биохемија и биологија на клетка на Факултетот за ветеринарна медицина во Скопје

Во Лабораторијата за биохемија, клиничка биохемија и биологија на клетка на Факултетот за ветеринарна медицина во Скопје, инсталирана е и пуштена во работа нова најсовремена опрема – автоматски биохемиски анализатор, ензимски имунофлуоресцентен анализатор и хематолошки анализатор во функција на Универзитетската ветеринарна болница.