Конкурсот за слободни места за запишување на студенти на втор циклус студии во вториот уписен рок

Конкурс за запишување

Универзитетот обезбедува пристап до сите свои студиски програми под еднакви услови и селекција на кандидатите за упис, врз принципот на рамноправност на сите кандидати, без оглед на раса, боја на кожа, пол, род, јазик, вера, политичко или друго уверување, етничко, национално или социјално потекло, имот, раѓање, општествена положба, инвалидност, сексуална определба и возраст. Запишувањето на студентите на втор циклус студии се врши врз основа на јавен конкурс што го објавува Универзитетот по добивањето на согласност од Владата на Република Северна Македонија.
Универзитетот, во конкурсот, ги утврдува критериумите врз основа на кои врши селекција и избор на кандидатите за запишување на студиите.

СЛОБОДНИ МЕСТА ЗА ЗАПИШУВАЊЕ СТУДЕНТИ НА ВТОР ЦИКЛУС СТУДИИ ВО ВТОРИОТ УПИСЕН
РОК ВО УЧЕБНАТА 2021/2022 ГОДИНА

iKnow – систем за електронски студентски сервиси

Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ кој го одржува порталот за електронски студентски сервиси – iKnow со интернет страниците www.iknow.ukim.mk и www.upisi.ukim.mk.
Интернет страницата www.upisi.ukim.mk, е наменета за сите кандидати кои сакаат да се запишат на втор циклус на студии на некои од факултетите или институтите во состав на Универзитетот, во постапката за комплетирање на нивната електронска пријава.Интернет страницата www.iknow.ukim.mk, ја користат сите активни студенти кои студираат на некоја од студиските програми на факултетите или институтите во состав на Универзитетот, а кој го користат системот iKnow за електронска поддршка за работењето на студентските служби.

Систем за електронска поддршка на запишувањето

Систем за електронски студентски сервиси

НАПОМЕНА: Електорнската пријава се пополнува со кирилична поддршка!

Линк до КОНКУРОСТ.