Факултетот за ветеринарна медицина- Скопје успешно ги спроведува он-лајн предавањата


Денеска се одржание првите он-лајн предавања на студентите и со тоа успешно се продолжи академската година на Факултетот за ветеринарна медицина-Скопје.

По препораките на Министерство за образование и Универзитетот Св. Кирил и Методиј во Скопје, професорите од факултетот одржуваат он-лајн предавања а студентите со интерес истите ги следат.

Факултетот за ветеринарна медицина-Скопје е формиран во 1991 година и е полноправна членка на  Европската асоцијација на ветеринарни факултети (EAEVE) со студиски план од 5.5 години, 11 семестри, каде наставниот процес се одвива според ЕКТС.

Сите предложени промени се одраз на следењето на актуелните состојби во ветеринарството во земјата и Европската унија, светската ветеринарна наука но и општествените состојби особено во областа на земјоделството и стопанството во целина.