Летна практика на студентите од Академијата за ветеринарна медицина во Санкт Петербург, Русија и Факултетот за ветеринарна медицина во Истанбул, Р. Турција на ФВМ-С

Факултетот за ветеринарна медицина во Скопје успешно ја реализираше летната екстрамурална пракса за студентите од Академијата за ветеринарна медицина во Санкт Петербург, Русија и Факултетот за ветеринарна медицина од Истанбул, Турција, во периодот од 01-12 јули 2019 година. Студентите реализираа практична настава од предклинички и клинички науки во Универзитетската ветеринарна болница, во лабораториите на Ветеринарниот Институт, Институтот за храна и Институтот за репродукција и биомедицина. Деканот на ФВМ-С, Проф.   д-р Лазо Пендовски на студентите им додели сертификати за успешно реализирана летна екстрамурална пракса.