Предавања од стручњак од практика Маријан Таневски во рамките на предметот болести на птиците за студентите од петта година

Во втората половина на месец Март 2019 година на Катедрата за болести на птиците при Факултетот за ветеринарна медицина – Скопје како стручњак од практика  учество во наставата зема Маријан Таневски, доктор по ветеринарна медицина од компанијата Авифор Скопје. Маријан Таневски, двм одржа две практични предавања во рамките на предметот болести на птиците за студентите од петта година, Одгледување и патологија на родителски јата и Технолошки постапки во инкубаторска станица и најчести проблеми во инкубацијата. Потоа, се реализираше и посета на инкубаторската станица Авифор каде што студентите се запознаа со сите аспекти на организацијата и процесите во инкубаторска станица.