Соопштение за спроведување на наставните активности и испитните сесии на катедрата за Биохемија и Биологија на клетка

Согласно Одлуката на наставно-научниот совет на Факултетот, донесена на 16 јуни 2020 година за спроведување на наставните активности за периодот од јуни до септември 2020, се известуваат студентите дека наставата и испитите ќе се реализираат на следниот начин:
1.  Биологија на клетка. Студентите кои сакаат да полагаат
практичен испит, да го контактираат предметниот асистент и ќе им биде овозможено полагање онлајн;
2.  Биохемија. Студентите кои предметот го слушале во академската
2019/2020 и немаат реализирано практична настава, да го контактираат предметниот асистент, за реализација на практичната настава онлајн во демонстрациска форма. Согласно Одлуката, наставата ќе биде реализирана во месеците јуни, јули и август. Сите студенти што сакаат да полагаат практичен испит, исто така да го контактираат асистентот и ќе им биде овозможено онлајн полагање;
3.  Клиничка биохемија. Студентите кои сакаат да полагаат практичен испит, да го контактираат професорот и ќе им биде овозможено онлајн полагање.

Студентите кои ќе полагаат практичен испит, во договор со асистентите, да го завршат полагањето на практичниот испит најдоцна до 1 јули 2020 година.

Завршните испити ќе се реализираат онлајн. Најдоцна до 1 јули до 16.00 ч. студентите кои ќе полагаат завршен испит да се пријават кај
професорот, заради изготвувањето на распоред за полагање.

Контакти:
lozenka@yahoo.com
stefan.jovanov10@yahoo.com
velimirstojkovski@gmail.com