Соопштение по предметот Анатомија на домашните животни

Вежбите по предметот “ Анатомија на домашните животни” ќе се одржат во период од 07.07.2020г до 22.07.2020г. Вежбите ќе се одвиваат во просториите на анатомската лабораторија, дигитално на Zoom платформата со употреба на камера при изработка на практичните зафати на пристутни препарати и модели со цел за подобра визуелна перцепција.

Датум и време Тема
07.07.2020г

08:30 – 11:00

ТОПОГРАФСКА АНАТОМИЈА НА ГРАДЕН КОШ:

(Топографија на градна празнина: плеври и медијастинум. Анатомија на белите дробови. Компаративни особености кај белите дробови кај различните видови животни)

14.07.2020г

08:30 – 11:00

Срце: Анатомска градба и функционална анатомија на срцето, лева и десна преткомора, лева и десна комора, аурикула на преткомората, залистоци на срцето и скелетотопија. Перикард, епикард, миокард и ендокард. Аорта и белодробна артерија (truncus pulmonalis).
15.07.2020г

08:30 – 11:00

ТОПОГРАФСКА АНАТОМИЈА НА АБДОМЕНОТ:

(Абдоминална празнина, серозни мембрани, перитонеум. Анатомија на едноставен и сложен еднокоморен желудник. Анатомија на сложен повеќекоморен желудник.)

16.07.2020г

08:30 – 11:00

Компаративна макроскопска анатомија на тенките црева: дуоденум, јејунум и илеум, мезентериум. Компаративна анатомија на дебелите црева: колон, цекум, ректум, анус. Компаративни разлики кај домашните животни. Анатомија и топографија на црн дроб, панкреас и слезина.
20.07.2020г

08:30 – 11:00

ТОПОГРАФСКА АНАТОМИЈА НА КАРЛИЦАТА:

(Топографска анатомија на карличната празнина: Анатомија и топографија на бубрезите. Унипирамидален, модифициран унипирамидален и мултипирамидален бубрег. Компаративна анатомија на бубрезите на различни видови: мачка, куче овца, коњ, свиња и говедо. Уретери, мочен меур и уретра.)

21.07.2020г

08:30 – 11:00

Анатомија на машкиот репродуктивен систем: скротум, funiculus spermaticus, семеници, акцесорни полови жледи, пенис и препуциум, мускули на машкиот репродуктивен систем. Компаративна анатомија на пенис кај куче, кај мачор, кај пастув, кај бик и кај нерез.

Анатомија на женскиот репродуктивен систем: јајници, јајцеводи, матка, вагина, предворје на вагина и срамница. Млечна жлезда (виме).

22.07.2020г

08:30 – 11:00

ОРГАНИЗАЦИЈА НА ЦЕНТРАЛНИОТ НЕРВЕН СИСТЕМ:

Черепна празнина, мозочни обвивки, Компјутерска презентација на организација на ’рбетниот мозок. ЦНС (среден мозок, преден мозок, диенцефалон, теленцефалон). Јадра на кранијалните нерви. Кранијални нерви. Олфакторен нерв. Оптичен нерв. Окуломоторен нерв. Трохлеарен нерв. Тригеминален нерв. Нерв абдуценс. Фацијален нерв.

23.07. 2020г

08:30 – 11:00

СЕТИЛНИ ОРГАНИ, КОЖА И КОЖНИ ТВОРБИ:

Очно јаболко, орбитални фасции, мускули на очното јаболко, очни капаци и конјунктива, солзен апарат, васкуларизација и инревација на окото. Кожа, кожни жлезди, нокти, канџи, копита и чапунки и рогови.