Digital Education in Veterinary Studies (DEVET).

Главен истражувач: проф. д-р Игор Улчар

Учесници: проф. д-р Игор Улчар, проф. д-р Лазо Пендовски, проф. д-р Ксенија Илиевска, проф. д-р Зехра Хајрулаи-Муслиу

Улога на лицата од ФВМС вклучени (учесници) во проектот: Осмислување и креирање на дигитални едукативни содржини.

Партнери во пректот: Факултет за ветеринарна медицина при Универзитетот во Белград (Србија) (главен носител) Ветеринарен факултет при Универзитетот во Загреб (Хрватска)

Времетраење: 01.03.2021-31.05. 2021

Финансиран од: ERASMUS+

Тип на проектот: Меѓунароен проект

Резиме на проектот: Креирање на дигитални едукативни содржини коишто би ги користеле сите три институции учесници во проектот. Овие едукативни содржини би биле креирани така што би биле во склад со наставните програми на интегрираните студии по ветеринарна медицина и според приоритетите за секоја институција одделно. За креираните едукативни содржини ќе се обезбеди отворен пристап (open access) за наставниците и студентите, хоризонтално (меѓуинституционално) делење на сите произведени содржини, како и заеднички панел за контрола на квалитетот.

Продуцирани материјали од проектот (книги, брошури и други информативни материјали): Видео материјал (постапки и процедури во рамките на предклиничките, клиничките и параклиничките предмети, лабораториска пракса итн.), од дигитален фото материјал (за базичните, претклиничките и клиничките предмети, како на пр. анатомија, хистологија, патохистологија, рентгенологија, клиника итн.), дигитални слики и анимации (шеми, графикони, табели, итн.).