Јавна одбрана на дипломски труд – Борис Димитриевски

Врз основа на позитивните оценки на сите три члена на Комисијата за прегледување и оценување на напишаниот дипломски труд (Одлука на продеканот за настава бр. 0901-1617 од 18.12.2020) продеканот за настава одобрува и закажува

 ЈАВНА ОДБРАНА

на дипломскиот труд под наслов: Влијанието на климатските промени врз болестите на пчелите, изработен од Борис Димитриевски, број на индекс 1290, на ден 25.12.2020 година во 11 часот, во просториите на предавална 2. Јавната одбрана ќе се изврши пред Комисијата во состав:

  1. проф. д-р Мишо Христовски (ментор)
  2. доц. д-р Мирослав Ќосевски (член)
  3. проф. д-р Владимир Петков (член)

број 0901-1617 /2

датум: 21.12.2020 година