Известување до студентите на УКИМ

Од денес, 9 септември 2021 г. започнува со работа Вакциналниот пункт на УКИМ кој е сместен  во Кампусот на општествените науки на приземјето на Економскиот факултет во Скопје, на бул. Гоце Делчев бр.9 В.


Истиот ќе биде отворен секој работен ден, од 8:00 до 14:00 часот. Во него работат обучени лица, двајца доктори и две сестри од Поликлиниката на Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ во Скопје . Просторот е снабден со информатичка, како и медицинска опрема согласно постојниот протокол и потребите.

Линк до исвестувањето.

Универзитет „Св. Кирил и Методиј“ во Скопје